Според светската база за среќа, на листата од 2019 година на врвот се наоѓаат четири скандинавски земји, а веднаш зад нив е Холандија. Децата, како важен дел од општеството, чувствуваат поголема слобода и генерално се посреќни од своите врсници во другите европски земји.

– Ако ја погледнете Европа, ќе видите дека Холанѓаните и Данците се најсмирени и повеќе се фокусираат на развивање автономија отколку на послушност, и тоа е добро за општеството. Децата се послободни, може да прават што сакаат и така развиваат идеи за тоа што навистина им се допаѓа, но исто така ги развиваат и социјалните вештини. Среќното дете некогаш можеби не е многу добро дете – изјави директорот на светската база за среќа, професор Рут Венховен.

– Во Холандија не постои фраза што буквално значи: „Ти си добро момче“ или „Ти си добро девојче“. Наместо тоа, се вели: „Браво момче“ или „Фала“ или „Одлично направено“. А што се однесува до излегувањата, може да ви кажам и кога навечер си доаѓам дома – тоа не е три часот наутро, но е доцна. Мислам дека имам доволно слобода и тоа е доста важно – објаснува 14-годишниот Тјалинг од Амстердам.

И покрај лошата репутација на Холандија меѓу европските родители, тамошниот Институт „Тримбос“ има податоци дека трендот на консумирање алкохол и дрога е опаднат кај децата меѓу 12 и 16 години. Уште една важна работа е што врсничкото насилство не е изразено.

– Често слушам дека младите во другите држави ги малтретираат врсниците, и често тоа е доста сериозно. Овде тоа не го гледате. Ако некој се обиде да ме малтретира, јас игнорирам. Имам свои пријатели со кои се согласувам. Немам социјален имиџ или статус и не мислам дека на сите морам да им се допаднам бидејќи тоа не е реално – објаснува уште еден млад Холанѓанец.

Интересен податок е и тоа што сексуалното образование во оваа земја почнува од четвртата година, а стапката на тинејџерска бременост е најниска во Европа. Плакатите во училиштата ги охрабруваат младите отворено да зборуваат за сите сексуални определувања.

Се чин и дека заедничкото ангажирање на родителите и системот во Холандија даде одлични резултати.

– Тие дома имаат опкружување што им е голема поддршка, а исто е и со пријателите на училиште. Холандските родители им даваат голема поддршка, а по контрола се некаде во средина. Наставниците не се авторитетни, туку ги прифаќаат чувствата на учениците, па затоа тие им веруваат – вели Симон де Рос од холандскиот Институт за социјални истражувања.



912

X