Се обидувам да одам по стапките на мојата мајка. Таа е толку среќна личност затоа што си го сака семејството. Исто како мојата баба. Отсекогаш сум сакала да бидам мајка. Иако е стресна улога, постојат многу начини за минимизирање на стресот и зголемување на среќата. Овие совети ги научив преку моето воспитание, образование, кариерата во настава и искуството како мајка.
Порано бев под многу голем стрес, но денес, со четири деца, едноставно се обидувам да уживам. Ова е навистина забавно време за нас и сакам да ги впијам сите спомени без да предизвикам стрес кај моите деца. Еве што треба да направите.
1. Опуштете се
Иако овие денови сум прилично зафатена, поголемиот дел од времето се забавуваме. Не организирам многу активности за да не брзам, затоа што не сакам да ги брзам ни моите деца и да им предизвикувам дополнителен стрес.
2. Поедноставете го распоредот
Имам четири деца. Сигурна сум дека секое од нив ќе сака да прави различни активности како што ќе расте. Во моментов, нашето правило е еден спорт (или активност) во сезона, по дете. Планирам да го задржам овој начин. Не може четири деца да одат на илјадници различни активности.
3. Слушајте го вашето тело
Важно е да се грижите за себе, да научите како да се опуштите и да не дозволите стресот да ве спречи да престанете да го правите она што го сакате. Грижете се за вашето тело јадејќи здрава храна и пиејќи доволно вода.
4. Време за себе
Најдете дел од денот кога ќе имате време за себе. Седнете на балконот неколку минути или покрај прозорецот и слушајте го светот надвор.
Поради оваа причина, од моментот кога се роди нашето прво дете, имавме постојана рутина за спиење на нашите деца. Нашите помали деца си легнуваа во 19 часот. Откако пораснаа, можевме да им го поместиме спиењето, но сепак рутината постојано ја одржуваме.
Ако сте истоштени навечер, обидете се да ги поминете утрата сами. Читајте книга, гледајте утрински програми, испијте го кафето во тишина, проверете е-пошта, испратете им пораки на пријателите… уживајте во времето поминато со себеси.
5. Не ставајте се под голем притисок
Понекогаш мислам дека сами си предизвикуваме огромен притисок за нашите деца да бидат совршени. Толку многу луѓе се грижат децата да им посетуваат најдобри тренинзи, да одат во најдобрите училишта. Истото важи и за оброците. Не ставајте си стрес дека мора да ја приготвите совршената вечера.
Ако дадете нешто исто по трет пат оваа недела, во ред е. Воопшто не е важно, сè додека вашите деца јадат овошје и зеленчук. Некогаш не сакаме да готвиме добар оброк.
6. Сите помагаат
Важно е вашето семејство да ви помага во работните обврски низ домаќинството. Не можете сите обврски да ги направите сами, а ако ги направите, тогаш не ги учите вашите деца да бидат одговорни. Ако не се одговорни како деца, нема да бидат одговорни ни како возрасни.
Во нашиот дом, кога е несредено, јас сум вознемирена. Сакам сè да биде чисто за да бидеме слободни и да уживаме во денот. За среќа, моите деца ми помагаат и така работите се завршени побрзо.
7. Излегувајте
Обожавам да излегувам, дури и ако е едноставна прошетка. Понекогаш е добро да ги оставите работите да почекаат и да излезете. Одете до библиотека, одете во паркот, седнете и читајте надвор додека вашите деца си играат.
8. Фокусирајте се на позитивното
Кога вечераме, ги прашуваме нашите деца: – Кажи ми една добра работа што се случи денес или – Кажи ми го омилениот дел од денот. Никогаш не ги прашуваме што им се случило лошо, затоа што сакаме да се фокусираат на позитивното. Тоа ве тера да ги гледате работите во подобро светло.
9. Рутина
Според мене, рутината е клучот за секој успешен ден. Нашите деца знаат што да очекуваат од денот и на тој начин работите се многу полесни. Не треба да ги потсетувам дека треба да дојдат да појадуваат или да си легнат. Работите си одат по природен тек. Исто како што вие кога се будите, станувате и ги миете забите, и децата треба да ги научат своите рутини и да го прават истото.
10. Гушкање и квалитетно поминато време
Ако вашите деца не се чувствуваат добро, тогаш не постои ништо подобро од прегратката од мама и тато за да се чувствуваат подобро. Докажано е дека прегратките им помагаат на децата, па затоа гушкајте ги почесто. Плус, го зголемува ендорфинот и кај вас и кај вашето дете, така што и двајцата ќе бидете посреќни и ќе се намали вашето ниво на стрес.
Aвтор: Беки Менсфилд
Извор
912