Се тврди дека првите седум години од животот децата се како сунѓери – впиваат сè што гледаат и слушаат. Во првите седум години тие учат да се согледаат себеси, својот живот и светот околу нив. Во тој период се поставува темелот на идниот живот. И ако средината во која расте детето е здрава, полна со љубов и поддршка – темелот врз кој ќе се гради неговиот живот ќе биде многу цврст. И добрите родители го знаат тоа. Еве што прават поинаку:
1. Се трудат да бидат како нивните деца, да не ги обликуваат децата според себе
Добрите родители знаат дека сите деца доаѓаат на светот чисти и совршени и затоа се стремат повторно да станат чисти и свесни како нивните деца. Тие се трудат да бидат како нивните деца, а не да ги обликуваат децата според себе.
2. Не се мешаат премногу
Добрите родители разбираат дека родителството не е учење на децата да зависат од нив, туку да им бидат непотребни на нивните деца. Преку нивните зборови, постапки и однесувања, тие ги учат своите деца како да бидат независни и секогаш да го следат нивниот компас.
3. Тие ја штитат, негуваат и ја развиваат интелигенцијата на своето дете
Студијата на Хауард Гарднер од „Харвард“ покажа дека секое дете се раѓа како еден вид гениј со повеќекратна интелигенција, така што до 20-тата година уделот на гениите паѓа на 10 отсто, а во староста на само 2 отсто. Добрите родители се свесни за тоа и прават сè за да ги заштитат, зачуваат и развиваат талентите на своите деца.
4. Ги поддржуваат своите деца да го следат нивниот животен пат
Добрите родители не се трудат да поставуваат нереални и несоодветни очекувања за своите деца. Ги поддржуваат секогаш да го прават она што го чувствуваат во срцето, без разлика колку тоа на другите им изгледа нелогично. Постојано ги потсетуваат своите деца дека секој од нас има уникатен животен пат и дека само ако чекориме по тој пат, секогаш ќе се сеќаваме кои сме, од каде сме и зошто сме тука.
5. Не се откажуваат од себе, од своите животи и соништа „за доброто на своите деца“
Овие родители се свесни дека иако се одговорни за животот на своите деца, нивната среќа, здравје и образование, тие се одговорни и за својот живот. И покрај сè што прават, тие се трудат да постигнат рамнотежа помеѓу поединецот и семејството.
6. Ги учат децата да живеат со отворено срце
И покрај сите разочарувања, предавства и тешки ситуации што може да ги доживеат во животот, и покрај сите болки и борби со кои може да се соочат додека стареат, добрите родители ги учат своите деца никогаш да не се откажуваат од љубовта.

7. Тие не ги учат децата да бидат богати, туку да бидат среќни
Добрите родители ги учат децата да станат чесни мажи и жени, а не успешни, за кога ќе пораснат да ја знаат вредноста на работите, а не нивната цена.
– Кога имав 5 години, мајка ми ме научи дека клучната работа во животот е среќата. Кога тргнав на училиште, ме прашаа што сакам да бидам кога ќе пораснам. Напишав „среќен“. Ми рекоа дека не ја разбирам задачата, а јас им реков дека не го разбираат животот – Џон Ленон.
8. Тие ги инспирираат децата да се однесуваат кон сите со љубов, почит и сочувство
Преку зборови, ставови и однесување, добрите родители ги инспирираат своите деца да се однесуваат кон сите живи суштества со почит, љубов и сочувство.
9. Ги поддржуваат децата да ја негуваат својата автентичност
Добрите родители ги поддржуваат своите деца да ја почитуваат нивната автентичност и уникатност, да останат искрени со себе и никогаш да не се обликуваат за да им угодат на сите.
10. На своите деца им откриваат дека целиот живот им е експеримент
И колку повеќе експериментираат, толку подобро. Нема ограничувања за она што можеме да го направиме освен она што си го наметнуваме, затоа мора постојано да се соочуваме со нашите стравови и ограничувања. Преку своите постапки и однесувања, родителите ги учат своите деца да го прават истото. Тие ги поддржуваат постојано да експериментираат и никогаш да не се плашат од неуспех.
11. Ги поддржуваат своите деца никогаш да не се откажат од својот разигран дух
Без разлика колку години имаат нивните деца, добрите родители постојано ги поддржуваат да останат со ведар дух и ги убедуваат дека ќе најдат повеќе среќа ако во душата останат деца отколку кога ќе пораснат.
12. Ги воспитуваат децата да ги ценат луѓето според она што го имаат во срцето, а не во џебот
Добрите родители ги учат своите деца да ги ценат луѓето по она што го имаат во срцето и душата, а не по она што го имаат во џебот и банкарските сметки. Да ги сакаме поради тоа што е внатре, а не поради нивниот одличен изглед.
912