Фотографот Адријан С. Муреј нè потсетува на тоа како е да се гледа светот низ очите на детето. Неговата тековна серија на волшебни слики ги претставува неговите четири деца додека истражуваат низ игра. Без разлика дали станува збор за колекција на мечиња или куглање со ролни тоалетна хартија во нивната дневна соба, секоја фотографија како да е излезена од книга со приказни; но наместо да бидат целосна фантазија, тие ги прикажуваат убавината и магичните моменти што се наоѓаат во секојдневниот живот.
– Од едноставни семејни настани до приказни за кои сонуваме. Отсекогаш сум бил љубител на Норман Роквел и сакам да пренесам приказна – и уживам да го правам ова со моето семејство – како Роквел. Се обидувам да ја погледнам сцената како целина и да чекам некој сигнал дека моментот што би сакал да го фатам само што ќе се случи – вели тој.
912