Татковците се важни, а квалитетната врска помеѓу детето и таткото во голема мера влијае врз емоционалниот и психолошкиот развој на детето. Многу татковци сметаат дека родителството е најдобрата работа на светот, а таа работа ви носи најголема „плата“ кога вашето дете ќе каже: „Те сакам, тато!“
Благодарни сме им на татковците за сè што прават во животот на децата и затоа ги избравме најтрогателните објави споделени од татковци, кои покажуваат колку е силна родителската љубов.
– Денес ја најдов мојата причина „зошто“ – напиша овој татко на денот кога се родил неговиот син, гледајќи го првпат во инкубатор.– Ѝ реков на ќерка ми: „Ако ги оставиш твоите работи расфрлени низ собата, ќе ги облечам! По неуспешната борба да ѝ објасни на ќерка си дека треба да ги средува работите, овој татко се одлучи за еден поинаков метод.– Се надевам дека мојот мал Каден еден ден ќе свири на оваа гитара – рече овој татко кој го заспивал својот син свирејќи на гитара.– Само јас и ќерка ми, танцуваме на дожд! Татко и ќерка излегоа заедно на дождот и тој повторно се чувствувал како мало дете.– Кога ќе оќелавиш, а твојата ќерка сака да ти направи фризура – самохран татко ја оставил неговата ќерка да му прави фризура на неговата брада.– Не знаев дека животот може да донесе толку радост! – Цел живот сум опкружен со жени и сега конечно имам синови што отсекогаш сум ги посакувал – ќерките на овој татко се маскирале во синови.– Пред да се роди, се грижев дека нема да можам да се чувствувам како татко. Но, штом го видов, љубовта ме собори. Секој страв исчезна и остана само љубов.
– На првата слика сме јас и татко ми во 1990 година, а на втората, татко ми, мојот син и јас, истото место, истата соба. Таткото го сака синот, па синот станува татко кој го сака својот син.
912