Наставник во основно училиште во Гримсбај, Англија, станал локален херој затоа што пешачел по 8 километри секој ден за да им однесе пристоен ручек на децата од ранливите категории, за време на кризата со коронавирусот. Секое утро Зејн Пауелс доставува 78 спакувани ручеци до децата кои добивале бесплатни училишни оброци, а во пакетите има сендвич, пакетче грицки, бисквити и јаболко.

Помошникот на директорот во основното училиште „Вестерн“ истакнал дека непријатноста да се носи храна по празните улици во ранец е ништо во споредба со искушението семејствата да бидат присилени да седат дома. „Ги охрабруваме родителите да седат дома со своите деца и сите да бидат безбедни“, вели тој.

Директорката на училиштето, Ким Лич, доставува оброци со нејзиниот автомобил за децата што живеат подалеку, а го објаснува тоа како сервис од витално значење. „Сметам дека многу семејства имаат мала количина храна“, објаснила таа. 4 од 10 од речиси 300 деца во училиштето се класифицирани како припадници на социјално загрозени семејства, а живеат во најоштетените средини во регионот.

Господин Пауелс, кој е и фитнес-ентузијаст и поранешен војник, ги користи своите дневни прошетки за да ги провери децата, додека другите семејства ја ценат шансата што можат накратко да поразговараат со него.

Во секоја куќа тој остава храна на прагот, чука на портата и се повлекува до тротоарот. Кога оброците на децата од Клер Палфри биле доставени, таа не штедела пофалби за наставникот. „Ова ни помага многу бидејќи значи дека нема да треба постојано да одиме во продавници да купуваме храна за децата, па на тој начин нашите семејства се побезбедни“, изјавила таа.

фото: news.sky.com

Храната и кутиите се обезбедени од кетеринг-соработникот на училиштето, а доставувањата не паузираат. По три недели достава на храна, господин Пауелс станал жива легенда во родното место – а низ градот има низа шарени постери во негова чест. На еден од нив пишува „Браво, господине Пауелс“, додека во една градина на ѕидот децата со креда напишале: „Легенда! Господин Пауелс!“

фото: news.sky.com

На прашањето дали се чувствува како локален херој, тој срамежливо одговори: „Моја задача е благосостојбата на децата и нивната едукација. Во овие времиња го правам тоа на поинаков начин“.

Автор: Герард Таб

Извор



912

X