Ако се прашувавте зошто малите бебиња мирисаат толку добро, научниците понудија прилично задоволителен одговор, а тој „прекрасен“ мирис има и своја задача – да ја натера мајката уште повеќе да се вљуби во своето бебе.

Станавте мајка, го зедовте вашето новороденче в раце и го почувствувавте тој прекрасен мирис што го имаат малите бебиња. Толку е посебно, нели? Се чувствувате како некој да ве маѓепсал. Блиску сте, мирисот на новороденче предизвикува зависност, едноставно не можете да престанете да го гушкате вашето бебе.

Научниците потврдија дека новородените бебиња со причина го имаат овој неодолив мирис, кој влијае врз рецепторите на мајката и создава одредена хемија помеѓу мајката и бебето.

Кога го мирисаме новороденчето, во нашиот мозок се активираат центрите за задоволство, а за таквата активност се погрижила мајката природа за да обезбеди опстанок на малите бебиња. Затоа што ако тие не ни беа толку слатки и не ги сакавме толку многу, како инаку би го преживеале сето тоа исцрпувачко темпо на кое се изложени новите родители.

Значи, нашиот мозок реагира на мирисот на мало бебе на начин што создава чувство на задоволство за нашето тело некако да ги „компензира“ сите маки од исцрпувачкото породување и првите денови по породувањето.

И не само тоа, овој неодолив мирис го стимулира лачењето на хормонот допамин, кој се наоѓа во пределот на мозокот одговорен за учење на принципот на награда. Истражувањата покажаа дека бебињата можат да го препознаат мирисот на мајката, но и мајките го препознаваат мирисот на своите деца (па дури и тие непријатни мириси).

Студијата опфатила 30 жени, од кои 15 се породиле, а преостанатите 15 немале искуство со мајчинство и породување. Додека жените ги мирисале пижамите на малите бебиња, научниците ја набљудувале активноста на нивниот мозок.

Иако на повеќето жени им било тешко да утврдат дали се работи за мирис на новороденче, сите испитаници потврдиле дека станува збор за многу пријатен мирис. Нивниот мозок, сепак, реагирал поинаку.

Кога ќе ги помирисаа пижамите на бебето, ќе се активираше центарот во пределот на мозокот задолжен за учење според принципот на награда.

Иако сите жени реагирале горе-долу на сличен начин, мајките имале многу посилна реакција од жените што не родиле.

Значи, волшебниот мирис на бебе кај мајките дејствува така што тие само уште повеќе го сакаат своето бебе!

Извор



912

X