Секој родител знае дека децата можат да бидат изненадувачки остроумни мали филозофи кога најмалку очекувате. Во еден момент вашето дете има изливи на бес затоа што погрешно сте му го исечкале сендвичот, а следниот ве воодушевува со своите длабоки мисли. Тоа е една од најзабавните работи кога се во прашање децата. Никогаш не знаете што ќе кажат, а понекогаш тоа што го велат е едноставно феноменално.
Пример за ова е едно 5-годишно дете кое ѝ дало мудар совет на мајка си како да се справи со нејзините проблеми. Корисничката на „Твитер“ @Eprecipice ја сподели својата приказна.
– Кога зборував за нашите секојдневни обврски за тој ден, му кажав на моето дете дека сум нервозна поради состанокот што ќе го имам. Тој ми рече: „Мамо, јас сум нервозен цело време. Знам што треба да направиш. Кажи си себеси: Јас сум храбра поради овој состанок. Јас сум сакана. Убаво мирисам. И ова треба да си го кажеш пет, три или десет пати додека не го сфатиш“, ѝ рекло момчето.
Беси вели дека некои луѓе ја прашуваат дали овој совет навистина дошол од петгодишно дете поради речникот, но таа вели дека децата се сунѓери. Стана вообичаено предучилишните установи и градинките да ги учат децата на вакви работи, па не е изненадувачки да се слушне ова од 5-годишно дете.

Други совети што момчето ѝ ги дало на својата мајка:
„Треба да одиш со крената глава. Мораш да го мислиш тоа. Како Доли. Затоа што ја имаш таа можност“.
„Никогаш не оставај твор во автобус“ – Беси вели дека не знае што значи ова, но чувствува дека станува збор за мудрост.
„Размислувај за крофните секој ден. Ако ако малку заплачеш, можеш да размислуваш за чипс“. – Беси вели дека не е сигурна дали ова се однесува на вистински крофни. Метафорички, крофните би можеле да бидат позитивните работи што се случиле.
„Мораш да земеш длабок здив и да се обидеш повторно“ – Речиси секој терапевт ќе ви каже дека вежбите за дишење се еден од најбрзите начини за смирување на телото и умот.
„Дури и ако е лош денот, можеш да се гушкаш“ – Иако ова звучи како прилично типична мисла кажана од дете, тоа е исто така добар совет. Хемикалиите што се ослободуваат кога се гушкаме може да ни помогнат да управуваме со стресот, да ја намалиме анксиозноста и да управуваме со емоциите.
912