Една мајка имала прилично непријатно искуство на работа.
23-годишната Дарси Топинг почнала да работи во градинка и уште во првата недела ѝ кажала на шефицата дека е бремена. Притоа, шефицата ја прашала дали мисли дека е добра идеја да го задржи детето.
Иако земала минимална плата, таа била под притисок дополнително да го намали работното време, па потоа била отпуштена како технолошки вишок. Така се ослободиле од неа само затоа што била бремена.
Топинг тужела поради дискриминација во бременост и неправедно отпуштање и треба да добие отштета од градинката, како што пресуди надлежниот суд. Во меѓувреме, Топинг го роди синот.
– Ми беше многу тешко што бев вишок во толку ранлив период од мојот живот, додека го очекувам првото бебе. Чувствувам дека ја добив правдата и ми олесна што случајот конечно заврши – изјави таа.
Во извештајот се вели: „Од презентираните докази, судот утврди дека градинката го инсценирала нејзиното отпуштање со конструирање отказ кој или никогаш не се случил или настанал откако градинката донела одлука за отпуштање.“
Судијката за трудово право, Марион Батен рече дека судот без двоумење заклучил дека нејзиното отпуштање е поврзано со бременоста.
912