Иако за време на пандемијава празниците ќе бидат различни, сепак, им се радувам. Оваа пандемија е ужасна. Да се соочиме со тоа – илјадници луѓе починаа само во САД. Нема начин да се зборува во позитивна конотација за оваа ситуација. Многу животи згаснаа, лекарите и научниците сè уште се обидуваат да сфатат за што се работи и кои се најсоодветните третмани. Ништо не е нормално, а тоа сите го чувствуваме. Немаме ни соодветно водење во текот на овој кошмар, и сега еве сме – месеци и месеци подоцна, сè уште гледаме голем број луѓе како ги губат животите. Периодов е застрашувачки, исцрпувачки, фрустрирачки и сите нè нервира. Понекогаш сите овие споменати емоции ги имаме во еден ден.


Но, некогаш ќе биде безбедно повторно да се собираме без маски. Ќе може да ги прегрнеме сите што ги сакаме и да се вратиме на животот што го знаеме. Сè уште не е дојден тој момент, па тоа значи дека овој празничен период нема да изгледа како оние во минатото. Но, тоа не значи дека не треба да ни биде убаво.
Ја обожавам празничната сезона/ Ќе чувствувам голема загуба ако не дадам сè од себе да ги направам празниците посебни, дури и кога условите се различни.


Кругот на контакти сега е многу мал. Но, сè уште може да ги извадите најубавите чинии и да ги зготвите традиционалните јадења: да се фокусирате на нештата за кои сте благодарни, дури и во оваа 2020 година. Ако сте здрави и поштедени од пандемијата досега, ако вашиот дом е топол и безбеден, тогаш има надеж за подобра 2021 година.

За Нова година и Божиќ ќе се направат највкусните домашни јадења, ќе ги отвориме подароците, ќе ги извадиме колачињата за Дедо Мраз. Ќе пиеме топло кафе, ќе се смееме, а дечињата ќе уживаат во подароците. Помина една година откако мојата мајка беше на гости, па едвај чекаме да ја видиме денот после Божиќ. Едвај чекам да им ги видам лицата на децата кога ќе ја здогледаат. Вирусот нè држеше разделени 11,5 месеци. Тоа беше тешко време, но затоа повторното обединување ќе биде неверојатно.

Ковид-19 ни одзеде многу работи годинава – стотици илјади животи, затвори бизниси, се откажаа одмори, а многу семејства беа разделени. Се смени начинот на функционирање. Но, тоа нема да нè спречи да уживаме во празничните денови. Успеавме да прославиме родендени користејќи ја нашата фантазија. Можеме тоа да го сториме и за празниците. Ништо нема да изгледа како порано, но ќе уживаме во моментите поминати заедно.

Нашето 4-годишно девојче има аутизам, па секој ден ги повторуваме фразите: „Ти си различна и тоа е добро! Различно не е помалку!“ или „Во ред е да ги правите работите на сопствен начин, дури и ако вашиот начин не изгледа како на сите други“.

Само ова утро реков: „Ти си совршена на сопствен начин и тоа е посебно и возбудливо!“
Можеби празниците нема да бидат исти како вообичаено, но јас ќе дадам сè од себе да бидат посебни и возбудливи. Оваа година нашите празници ќе бидат совршени на свој начин. Ако тоа значи дека моето семејство и луѓето околу мене треба да ги чувам на безбедно, тогаш можам да се согласам со таков различен начин на славење.

Автор: Кејти Клојд

Извор



912

X