Кери Ендру-Џаџа е поранешен гинеколог од Пенсилванија познат по тоа што му пеел на секое бебе што го породил. А породил дури 8.000 бебиња во неговата 40-годишна кариера.
Токму поради неговата традиција да го одбележи секое раѓање со песна, градот Питсбург одлучил да го именува 16 мај како ден на овој доктор, нарекувајќи го „Денот на Џаџа“.

Фото: Youtube Printscreen
– Се шири радост кога луѓето на овој начин им оддаваат почит на бебињата и на родителите. И јас сум среќен што градот го препозна тоа.
Изборот на песните се движи од „Ова е прекрасен свет“ до „Среќен роденден“. Песните се наменети да создадат релаксирачка и пријатна средина за новороденчињата и нивните семејства. Д-р Ендру се пензионира пред две години, но се враќа во болницата за да им пее песни на бебињата.
– Посебен е денот кога детето излегува во светот и тоа треба да се прослави – изјави една од пациентките на овој доктор.
– Породувањето е стресно за бебето и за неговото семејство. Затоа, ние мора да се стремиме да обезбедиме одлична нега во одличен амбиент со насмевка на лицето и песна во нашето срце – вели д-р Ендру.
912