Лекарите велат дека децата треба да се чувствуваат сакани и безбедни во семејната средина. Има ли граница кога станува збор за бакнувањето в уста?

Веб-страницата „Брајт сајд“ се консултира со детски психолози за оваа тема. Усните и устата се лични граници на телото на детето, како што објаснува психологот Шарлот Резник. Кога го бакнувате детето в уста, му покажувате дека границата на неговото тело е отворена и дека некој лесно може да ја нападне неговата територија.

Ова, исто така, вклучува присилно хранење и агресивно скокоткање. Затоа, инвазивните родители може да го зголемат ризикот нивното дете да развие „синдром на жртва“ со неможност да каже „не“ и да управува со сопствените лични граници.

Нехигиенски е

Лекарите, а особено стоматолозите предупредуваат дека во нашата уста има огромен број микроорганизми кои можеби нема да заразат возрасни, но можат да се пренесат на децата и многу да им наштетат. А бидејќи детето има послаб имунолошки систем, Шарлот Резник објаснува дека некои опасни инфекции можат да влезат во неговото тело преку плунката.

Детето може да почне да бакнува други луѓе в уста како израз на сочувство

Детето може да почне да се однесува на ист начин како што сте го научиле дома, бакнувајќи други деца или возрасни в уста како начин на изразување сочувство. Психологот посочува дека дури и да бил невин гест од страна на родителите, децата ги учат работите со имитација.

Затоа, тие можат да се обидат да го повторат истиот гест со другите без да ги разберат интимните импликации на овој гест. Таа препорачува да го бакнувате детето само на образите или на челото.

Извор



912

X