Добро е тоа што децата се угледуваат на филмските суперјунаци, зар не? Неточно! Педијатрите велат дека добрите момци во филмовите се многу понасилни од лошите
Филмовите за суперјунаци веројатно ги поврзувате со позитивни лекции за победата на доброто над злото. Меѓутоа, ново истражување покажува дека таквите филмови всушност испраќаат опасни пораки до младите бидејќи го претставуваат насилството како позитивна особина.
Анализа на 10 филма за суперјунаци, снимени во 2015 и 2016 година, покажала дека главните ликови или „добри момци“ во просек имаат 23 насилни чина во еден час од филмот, а антагонистите или „лошите момци“ – 18. Изненадувачки, главниот лик извршил и повеќе убиства.
Исто така, суперјунаците петпати почесто биле вплеткани во насилство отколку суперјуначките.
– Децата и адолесцентите ги гледаат суперјунаците како добри момци и врз нив може да влијае тоа што во филмовите ги прикажуваат како личности склони кон ризично однесување и насилство – вели Роберт Олимпие, професор по педијатрија на медицинскиот факултет при Универзитетот во Пенсилванија и автор на студијата објавена на конференција на Американското здружение на педијатри.
– Но, тоа не значи дека не треба да се гледаат суперјунаците – вели научникот Џон Милиер, кој сорботувал на студијата. Според него, клучот е во разговорот за последиците од насилството.
Тој препорачува семејството заедно да го гледа филмот и потоа да разговара за насилството. Тоа ќе им помогне на децата да развијат критичко размислување за тоа што го гледаат и да го усогласат тоа со семејните вредности.
912