Сигурно сте се запрашале зошто луѓето имаат деца ако толку често едвај чекаат да ги однесат кај баба и дедо на чување или да одат во градинка/училиште. Пред да имате деца, сигурно сте се нашле во ситуација кога сте им суделе на родителите кога се шегувале на такви работи и сте биле убедени дека нема да бидете таков родител. Но, тогаш се случи и вие да станете родител. И сите овие предрасуди станаа ваше секојдневие.

Ви ги пренесуваме најчестите заблуди што ги имаат родителите пред да добијат деца.

„Никогаш нема да му дадам телефон“

Колку време ви требаше да го отфрлите ова тврдење откако добивте деца? Додека децата пред екраните обично ги поврзуваме со мрзливоста на родителите да се грижат за нив, реалноста е многу поинаква. Малкумина можат да си дозволат готвач, дадилка, човек кој ќе ни ја пере, пегла и дипли облеката. Сепак, родителите најчесто се зафатени луѓе кои истовремено готват, чистат, перат алишта, понекогаш се и електричари и водоводџии, а покрај сето тоа треба да бидат добри родители и да им посветат време на своите деца.

Но, понекогаш тоа време едноставно недостига и телефоните се едноставен метод за родителот на мир да ја заврши работата.

„Никогаш нема да дозволам детето да плаче на јавно место и да се тркала на под!“

Иако глетката на дете кое плаче или прави сцена во продавница, ресторан, кино или во парк не е пријатна, нема подобра ситуација за изреката „Никогаш не вели никогаш!“ Дури кога ќе станете родител престанувате да гледате на оваа ситуација со осудувачки поглед, туку едноставно почнувате да сочувствувате со родителите кои минуваат низ тоа. Сакате да ги прегрнете и да им кажете дека ќе помине. Има ли дете кое барем еднаш ги немало овие испади, кои во основа се само излив на емоции со кои детето сè уште не знае како да се справи.

„Сама го родив детето, не го родив за другите да ми го чуваат!“

Зошто го роди детето ако не можеш да се грижиш за него? Зошто воопшто имаат деца ако очекуваат другите да се грижат за нив? Постојат толку многу осудувачки реченици кои поминуваат низ нашите глави во текот на нашите животи кога гледаме како уморните родители уживаат кога бабите и дедовците, тетките или пријателите решаваат да ги чуваат децата.

Ова е само уште еден доказ дека не можеме ни да замислиме колку е тешко и предизвикувачко родителството (истовремено и прекрасно) додека самите не родиме деца. Секој родител го обожава своето дете, но тоа не значи дека не го обожава кога детето еднаш на неколку недели/месеци оди кај баба, за родителот да испие топло кафе и да се истушира без брзање.

Извор



912

X