Една козметичарка на својот фејсбук-профил им се обрати на сите родители што ѝ се јавуваат да закажат термини за деца од 11 години.

– Не јавувајте ми се за да закажете термини за вашите деца од 11, 12 години. Што се однесува до мене, правете што сакате, тие се ваши деца. Слободно фарбајте ги, лепете им трепки, јас не сакам да учествувам во тоа. Некои граници и понатаму постојат и парите не се најважни – напиша таа.

– Ви благодарам на разбирањето, ако воопшто се разбираме – додаде таа.

Во коментарите под објавата многу следбеници ѝ напишаа дека се шокирани од фактот што родител закажува термини кај козметичарка за 11-годишно дете.

– Жално е што покрај такви родители, децата немаат детство – пишува еден интернет-корисник. Во друг коментар, една жена напиша дека била шокирана кога видела фотографии од пријатели чие девојче изгледало како да има 25 години на малата матура.

– Каде оди овој свет? Тоа дете е петто, шесто одделение – стои во коментарот.

– Родителите се главните виновници, му дозволуваат на детето да става вештачки трепки, долги нокти, скапа надградба на коса, веѓи, па дури и естетска процедура. Сакаат нивното дете што побрзо да се истакне со својот изглед и да биде забележано во водите на пејачите и реалити-ѕвездите. Овој начин на естетски критериум се шири меѓу родителите, што е многу опасно и се заканува да стане статусен симбол, па дури и култ за еден дел од населението – вели психологот Снежана Репац од Србија.

Извор



912

X