Сигурно сите родители во еден момент се прашуваат: „Дали моето бебе ме сака?“ Со оглед на тоа што новороденчињата не даваат повратна вербална информација, постојат многу други невербални знаци што може да бидат многу позначајни од големите изјави за љубов.
1. Ве препознаваат
Во период од неколку недели бебињата почнуваат да ги препознаваат своите родители и ги претпочитаат повеќе од другите луѓе – вели д-р Алисон Гопник, професорка по психологија на Универзитетот во Калифорнија, Беркли. Делумно, новороденчето го следи својот нос: мирисот на мајчиното млеко е доволен за бебето да се насочи кон насоката каде што се наоѓа.
2. Флертуваат со вас
Во рок од еден месец од раѓањето, бебињата реагираат на изразите на лицето на нивните мајки – вели д-р Гопник. Станува збор за насмевките, значајните погледи и слично. Овие игри се важни за зацврстување на врската со вашето бебе – исто како и вашите одговори на неговите физички потреби. Интеракцијата лице в лице е многу важна и само со еден поглед бебето сфаќа дека може да ви покаже колку е среќно што сте во близина.
3. Се смеат, дури и ако тоа трае само една секунда
Некои луѓе велат дека насмевките на штотуку роденото бебе се само гасови или неволен рефлекс. Но, тоа не е вистина затоа што неодамнешните истражувања покажуваат дека насмевката на доенчето значи многу повеќе. Неговата насмевка може да значи дека ве видело и ја рефлектира вашата насмевка. Тоа инстинктивно гради врска со вас.

4. Се приврзуваат кон нешто што го сакаат
Бебињата често избираат омилен предмет, како кадифено животно или ќебенце, на возраст од околу 1 година. Д-р Гопник вели дека овие предмети ве симболизираат вас и нивната наклонетост кон вас, што објаснува зошто се тие вознемирени кога ќе му се одземе омилениот предмет.
5. Намерно зјапаат во вас
Уште од раѓање бебето може да ги препознае гласот и мирисот на неговата мајка. Следниот чекор е поврзување на тие звуци и мириси со нешто што можат да го видат. Затоа бебињата почнуваат да го проучуваат вашето лице како да се обидуваат да го запаметат. И на некој начин, тоа и го прават.
6. Ве бакнуваат
Некаде на една година бебињата почнуваат да бакнуваат. Очекувајте влажни и невешти бакнежи што може да бидат на кое било место од вашето лице. Овој ентузијазам покажува дека тие обрнале внимание на начинот на кој нивната мајка покажувала љубов, па сакаат да го направат истото.
7. Ги подигнуваат рацете
Бебињата сакаат да бидат држени в раце, но потребни се околу 6 месеци за да почнат да имаат добри физички и когнитивни способности за да побараат некој да ги подигне. Тоа е израз на говорот на телото за тоа колку им веруваат и ги обожаваат своите родители.
8. Ќе избегаат, а потоа се враќаат назад
Ова ќе почнете да го забележувате штом вашето бебе ќе почне да ползи. Бебињата почнуваат да истражуваат и да откриваат работи и тоа го прават до моментот кога ќе станат несигурни и сакаат да се вратат во удобноста на своите родители.

9. Скокаат и се радуваат кога ќе ве видат
Начинот на кој вашето бебе реагира кога ќе ве види по неколку часа или неколку минути прави да се чувствувате како рок-ѕвезда. Оваа радост не само што е симпатична туку и е знак за длабоката приврзаност што расте меѓу вас.
10. Ве имитираат
Имитацијата е една од најискрените форми на ласкање. Без оглед на тоа дали ја влечка актовката по скалите или ѝ „гуга“ на куклата, бебињата на овој начин покажуваат дека ви се восхитуваат и сакаат да бидат како вас.
11. Трчаат кон вас кога ќе се повредат
Фактот дека вашето бебе доаѓа кај вас за утеха, а потоа ги брише очите и заминува, покажува дека ве сака и дека сте му потребни. Се разбира, може да забележите дека дури и при најмала незгода бебињата знаат да направат голема драма кога родителите ги гледаат. На тој начин бебињата молат за внимание и бараат доказ дека ги сакате исто колку што тие ве сакаат вас.

12. Видно се вознемирени кога ќе заминете
Почнувајќи од првиот роденден до неговата 3-та година, вашето дете може да се вознемири кога ќе заминете и да покажува огромна радост кога ќе се вратите. Анксиозноста предизвикана од разделбата е знак дека бебето знае дека личноста што ја сака е различна од другите. Ова однесување не треба да се охрабрува, па експертите советуваат дека е потребно родителите да ги уверат децата дека ќе се вратат.
13. Лошото однесување е резервирано само за вас
Многу родители слушнале од воспитувачите дека нивните деца биле многу мирни во градинка, а потоа дома имаат сосема различно однесување, неколку минути подоцна. Малите деца ги тестираат границите најчесто со луѓе што ги сакаат и им веруваат. Ова не е баш најтоплиот начин преку кој ќе покажат дека ве сакаат, но токму тоа го прават. Тие знаат дека се безбедни, па дејствуваат бидејќи знаат дека што и да направат, вие и понатаму ќе ги сакате.
912