Многу жени во текот на плодните години активно се обидуваат да не забременат, па можеби ќе бидат изненадени кога ќе научат дека зачнувањето во практика воопшто не е толку едноставно.
– Постои релативно кратко време во приодот на циклусот на жената (околу 48 часа) што е идеално за зачнување, без разлика дали жената користи контрацепција или активно се обидува да забремени – вели Анате Брауер, асистент-професор по гинекологија на Универзитетската школа за медицина во Њујорк.
Според Американското здружение за бременост, здрава 30-годишна жена, со чести незаштитени сексуални односи, има само 20 отсто шанси да забремени секој месец. Се разбира, секоја жена е различна, но ако се прашувате кога се најмали шансите да забремените, еве што велат експертите:
Ако користите контрацепција – Контрацепцијата, без разлика дали станува збор за пилула, лепенка, вагинален прстен, имплант за контрацепција, спирала или инјекција, во голема мера ги намалува вашите шанси за зачнување. Секоја од овие методи на контрацепција работи на различни начини. На пример, спиралата ја блокира спермата да стигне до јајце-клетката, додека хормоналната контрацепција (пилула, прстен и лепенка) спречува јајце-клетките да станат зрели за оплодување. Ако користите контрацепција, важно е да ја користите правилно и доследно.
Исто така, ако се потпирате на апчиња за контрацепција, имајте на ум дека некои пакувања апчиња содржат четири до седум апчиња без хормони. Во ретки случаи, ова може да биде доволно долг период за да дојде до оплодување на зрела јајце-клетка.
– Ја нарекуваме овулација што побегнала и е една од причините за неуспехот на оралната хормонална контрацепција – вели д-р Брауер. Ако пропуштите да земете доза хормонални контрацептиви, тоа исто така ги зголемува шансите за случајна бременост.
Колку е тешко да забремените додека користите контрацепција?
Ако користите контрацепција следејќи ги упатствата, шансите за забременување се помали од еден отсто. Ефективноста на контрацепцијата се намалува ако не ја користите доследно и правилно за време на секој сексуален однос.
Ако имате месечен циклус – Иако не е целосно невозможно да забремените за време на менструацијата, шансите за бременост се доста мали. Ако знаете што всушност се случува во вашето тело за време на менструацијата, ќе ви биде јасно зошто.
Имено, кога јајце-клетката, која се развила во вашите јајчници, не е оплодена, за време на менструацијата, слузницата на матката се лупи (тоа е крвта што се ослободува) и матката се подготвува за раст на нови фоликули (јајца) за следниот циклус. Единствениот начин да забремените за време на менструацијата е ако имате краток циклус и овулирате веднаш по менструацијата.
– Сперматозоидите можат да живеат во матката и до пет дена, па ако сте имале секс непосредно пред крајот на менструацијата, спермата може да остане доволно долго за да ја оплоди јајце-клетката што се ослободува неколку дена по завршувањето на менструацијата – објаснува д-р Брауер.
Колку е тешко да забремените за време на менстурацијата?
Можно е да забремените за време на менструацијата, но шансите за тоа се исклучително мали. Можноста зависи од должината на вашиот циклус.
Ако го користите методот на прекинување на сексуалниот однос – Овој метод за спречување на бременоста не е беспрекорен и може да резултира со бременост, но значително ги намалува шансите да забремените. Бременоста, сепак, може да се случи бидејќи преејакулатот, течноста што се ослободува од пенисот пред вистинската ејакулација, може да содржи активна и одржлива сперма.
Марк Тролис, специјалист за репродуктивна ендокринологија и неплодност во Центарот за вештачко оплодување „Винтер Парк“ во Флорида, објаснува дека повеќето мажи не знаат кога ејакулираат.
– Бидејќи е тешко да се предвиди кога ќе се појави предејакулација, методот на прекинат однос често се смета за лош и сигурно не е најсигурен метод – предупредува Марк.

Колку е тешко да забремените за време на прекинат однос?
Ако не сакате да забремените, лекарите ве советуваат да користите други методи на контрацепција или да користите кондом покрај методот на прекинување на сексуалниот однос.
Ако користите кондом – Кога користите кондом, важно е правилно да го користите. Ова значи дека вашиот партнер мора да стави кондом на пенисот пред да дојде во контакт со гениталиите и кожата (веќе рековме дека течноста пред ејакулација може да доведе до зачнување). Доколку не сакате да забремените, лекарите советуваат да користите и други видови контрацепција покрај кондомот, како што е спирала или пилула, или да го користите во комбинација со методот на прекинување на односот.
Колку е тешко да забремените ако користите кондом за време на сексуален однос?
Вашите шанси да забремените користејќи кондом се околу 15 отсто, најчесто како резултат на човечка грешка. Со правилна употреба на кондомите шансите се намалуваат на два отсто.
Ако доите – Ако не сте имале месечен циклус по породувањето, особено ако доите, најверојатно нема да забремените.
– За време на доењето, не настанува овулација и изложеност на високо ниво на хормонот естроген, кој е одговорен за менструацијата – објаснува Шери Рос, гинеколог и експерт за женско здравје. Исто така, предупредува дека пролактинот, хормон кој го стимулира производството на мајчиното млеко, ја спречува овулацијата бидејќи го инхибира фоликуло-стимулирачкиот хормон кој го стимулира растот на фоликулите во јајчниците.
Колку е тешко да забремените додека доите?
Без менструација, нема редовно да овулирате, па помали се шансите да забремените, иако тоа не е невозможно.
Ако сте постари од 44 години – Благодарение на биолошкиот часовник, шансите жената да забремени се намалуваат со текот на времето. Жените се раѓаат со околу еден до два милиони јајце-клетки. Кога ќе го добијат првиот циклус, им остануваат околу 300.000 јајце-клетки, а тој број се намалува на 25.000 до крајот на нивната 30-та година. Така, шансите жената да забремени во раните 40-ти се прилично мали, но не се невозможни.
– Како што жената се приближува до 40-годишна возраст, отчукувањата на нејзиниот биолошки часовник стануваат сѐ погласни и посилни, а до 44-годишна возраст тој часовник може да престане да чука – вели Шери Рос. Таа посочи дека плодноста на жените на возраст од 40 до 45 години е намалена за дури 95 отсто.
Колку е тешко да забремените над 44 години?
Гинекологот Рос предупредува дека жените на возраст над 44 години имаат помалку од 5 отсто шанса да забременат.
912