Родителите се обидуваат да им дадат до знаење на своите деца дека можат да постигнат што сакаат. Токму таа била целта и на директорката на компанијата „Кеч“, Кристен Андерсон, која објави своја фотографија од работа. Бремена, во хеланки и апостолки, таа телефонира.

– Сакам секоја девојка и секое дете да знае како изгледа извршен директор што преговара за десетици милиони долари – напиша таа на нејзиниот твитер-профил.

Нејзиниот пост стана популарен на социјалните мрежи бидејќи покажува дека луѓето од сите бои, жени, мажи и трудници можат да успеат на сите работни места.

– Реакциите беа претежно позитивни, за што сум и благодарна. Некои беа непријатни, но јас сум благодарна и за нив. Знам каков свет сакам да изградам за мојата ќерка и потсетувам дека пред нас е долг пат – додаде таа подоцна на нејзиниот линкдин-профил.

Извор



912

X