Идниот татко Нејтан Еџ го изгубил видот пред многу години, но неодамна успеал да го „види“ ултразвукот од неговото бебе благодарение на пријател кој извезол верзија на сонограмот.

– Се обидував да замислам како изгледа користејќи ги описите на другите луѓе. Но, сега можам да создадам целосна слика за моето бебе – неверојатно е. Можеше целиот живот да ми помине, а јас никогаш да не дознам како изгледа ултразвукот – вели Еџ.

Благодарение на неговиот пријател, сега го знае тоа.

Еџ се радува што ќе го запознае своето дете. Бидејќи е познато дека клучот во градењето силна врска помеѓу таткото и детето е љубовта, кај Еџ тоа започнало уште на самиот почеток.

Автор: Хедер Марко

Извор



912

X