Видео од момче кое многу се вознемирува зашто му ја кратат косата предизвика многу смеа на интернет, а многумина сочувствуваат со детето.
Ануп Петкар, жител на Нагпур, споделил видео од неговиот син Анушрут на кој му ја кратат косата и тој протестира бидејќи смета дека премногу му ја скратиле.
„Што правиш? Лут сум. Ќе те удрам, ќе те исечам јас тебе, јас сум голем, нема да те оставам да ми ја кратиш косата“, вели детето во видеото. Таткото подоцна споделил и второ видео. На него се гледа дека детето е луто поради чичкото кој му ја скратил косата. Таткото се обидува да го смири, но тоа уште повеќе го разлутува.
My baby Anushrut,
— Anup (@Anup20992699) November 22, 2020
Every Parents is struggle pic.twitter.com/wN7B510ZwS
Видеото било многу пати споделувано на социјалните мрежи, а многу возрасни лица сочувствуваат со детето.
Anushrut after haircut pic.twitter.com/Lt7QYhX0ku
— Anup (@Anup20992699) November 22, 2020
„Ова е најслаткото нешто што сум го видел“, „Колку неодоливо! Жал ми е малечок, но мораш да ја кратиш косата“ – се само некои од низата коментари од страна на корисниците.
912