Срамот за сопственото тело исчезнува по породувањето, грижата за неважните пријатели е минато и повеќе не ве интересира што ќе кажат најблиските за вашите одлуки.

1. Лоши пријатели

Некогаш се обидувавте да останете во контакт дури и со оние пријатели што никогаш не ви испраќаат порака, ниту ви се јавуваат или со оние што ги откажуваат договорените планови во последен момент. Но, повеќе не. Сега кога сте родител, во вашиот живот нема место за лоши пријатели и повеќе сте склони кон квалитет отколку кон квантитет.

2. Телесни течности

Кога вашето бебе мочка насекаде, не ви преостанува нешто што би можело да ве исплаши.

3. Одење без облека

Поминаа деновите кога чекавте да се ослободи една кабина во салата за вежбање за да се пресоблечете на мир. Заклучувањето на вратата во бањата при туширањето исто така е минато. Го изложивте секое парче од вашето тело пред непознати кои ве пораѓаа и не сте загрижени за тоа.

4. Фризура

Мајките сметаат дека е мала победа ако успеат да ја измијат косата секој втор ден, а секоја фризура е добра. Нивниот најдобар пријател е шампонот за суво миење.

5. Депилација

Малку е непријатно да признаете колку време поминало од последната депилација, но добрата вест е што можете да ги покриете нозете со хеланки или панталони.

6. Угодување на другите

Повеќе не се грижите дали вашата свекрва ќе ве осуди бидејќи за ручек сте приготвиле готова супа, како ни за приговорите на партнерот дека сте го избркале од креветот за да му направите место на вашето дете. Кога 90 отсто од вашиот живот е сведен на обиди да ги направите децата среќни, нема место за грижа за задоволување на другите.

7. Состојбата во која се наоѓа вашиот дом

Чистењето е бесконечна работа кога имате деца. Без оглед на тоа колку време вложувате во средување на играчките и собирање хартии од подот, штом децата ќе влезат во собата, повторно ќе биде растурено. Тогаш, која е целта на чистењето? Направете си кафе и седнете.

8. Туѓи деца

Дали се сеќавате на оние денови кога крвниот притисок ви се покачуваше бидејќи нечие бебе постојано плачеше или трчаше низ ресторанот? Повеќе не го забележувате тоа затоа што се обидувате да ги држите вашите деца под контрола.

9. Храна

Се трудите вашите деца да јадат квалитетна храна, и тоа ви е приоритет. Но, кога станува збор за вас, работите се менуваат. Немате време да приготвите ручек? Без оглед на тоа, ќе каснете малку чипс или она што останало од оброкот на децата.

10. Мода

Одамна завршија оние денови кога требаше да ја имате најновата облека или кога бевте загрижени дали фармерките се излезени од мода.

11. Забава

Одамна, уште пред да добиете деца, се чувствувавте изоставено ако на „Фејсбук“ пријателите објавеа фотографија од луда забава на која вие не бевте. Денес, навистина не ве интересира тоа. Повеќе сакате да пиете кафе и да си легнете.

12. Брчки и бели влакна

Не можете да имате деца и да очекувате да не се појават брчки и бела коса, нели? Секое од овие седи влакна е медал за мајчинството. На крајот на краиштата, сега сте постари и попаметни.

13. Вашиот роденден

Деновиве вашиот роденден не е нешто особено важно, а не ви се потребни ниту големи прослави или подароци. Од друга страна, роденденот на вашето дете е најважниот настан во вашиот живот.

14. Чиста облека

Планината од облека за перење станува сè поголема и без вашата потреба да се пресоблечете. Брзо избришете ја дамката со влажно марамче, и онака никој нема да забележи.

15. Доцнење

Кога имате деца, голема е веројатноста никогаш да не излезете од дома навреме. Дури и ако по некое чудо успеете да излезете навреме, нешто ќе излезе во последен момент: валкана пелена, одврзана врвка или нешто слично.

Извор



912

X