Една од најубавите работи што може да се случи во животот на жената…
Е да има добар татко, вистински
Кога ќе го добие од таткото сето она што треба да го добие
Љубов, почит, поддршка
И кога нејзиниот татко е пример
Кој никогаш не престанува да биде, тогаш некако сè е полесно за неа
Кај девојките и жените што пораснале со и без татко јасно се гледа разликата
Колку татковската фигура може да недостига
Речиси не може да се пополни таа празнина
Ова е особено очигледно, подоцна, во изборот на мажи
Кога во момчињата го бараат таткото што не го имале или не го имале доволно
А не партнер
За на крајот да се изгубат во сето тоа
Кога свесно почнуваат да прават разлика
Кога во момчето несвесно бараат татко, обвинувајќи го за нешто
За што реално тој не е виновен, ниту може да им го даде.
Од друга страна, на девојките што имале силни татковци
Колку и да не ги штеди животот подоцна,
Сепак, не им е докрај разнишана љубовта и вербата во мажите
И некако полесно влегуваат и излегуваат од врските
Ќе имаат поголема природна самодоверба
Вистинската машка фигура е исклучително важна во животот на жената
Ѝ дава сигурност, опуштеност, доверба
И првата помисла за мажот не ѝ е неверство, искористување, потчинување
Нешто во што може да се верува и потпре,
Дури и ако девојката подоцна не најде таков маж
Знае дека барем имала или го има таткото
А и тоа е нешто
Или барем братот, кој може да биде одлична замена
Но, ако го нема,
Се создава празнина што расте со текот на времето
И јасно се гледа, од една страна нејзината преголема зависност од мажите, очекувањата
А од друга страна несигурноста, подлабоката недоверба
Дека таквите врски
се премногу интензивни, и за жал многу болни
Лесно се губиме во тој емотивен вител
Едноставно, треба да се најде вистинска машка фигура
Некаде, во некого
Под услов да не е илузорна и да може да ја возврати љубовта
Да може да се оди понатаму
Ако ја нема или ако е неверодостојна,
Жената се врти кон друга жена
Или станува целосно рамнодушна, па сè што е машко
почнува да го гледа со презир
Или, што е најчест случај
Се насочува кон себе
Во себе се обидува да ги најде сите задоволства, па за другите има помалку место
На татковците им е неопходно родителството
И не е ни малку лесно да се биде добар татко
Но, кој ќе се одлучи на тоа
И ќе го положи тој животен тест
Не може да добие поголема награда од животот
Од чувството
Дека за некого бил добар татко
И неговата ќерка во еден момент тоа да му го признае
За малку работи да му приговори
Знам доста такви примери
И можеби тоа е најубавото признание
што еден маж може да го добие
Значи дека успеал едно суштество да го изведе на вистинскиот пат
И не ја убил нејзината верба во љубовта
Животот
Утре
Автор: Стефан Симиќ
912