Еднаш многу одамна си живеело девојче кое имало лош карактер. Нејзината мајка ѝ дала кеса полна со шајки и ѝ рекла да закачи по една на ѕидот секојпат кога нема да може да го контролира своето однесување. Првиот ден морала да закачи 37 шајки. Во текот на наредните неколку недели, како што учела да се контролира, бројот на шајки се намалувал. Тогаш сфатила дека ѝ е полесно да се воздржи од бес отколку да закачува шајки на тврдиот ѕид.
Конечно, стигнал денот кога девојчето не било изнервирано ни еднаш. Ѝ кажала на својата мајка и таа ја советувала секој мирен ден да извлече по една шајка од ѕидот. Стигнал денот и кога девојчето ѝ кажало на мајка си дека повеќе нема шајки на ѕидот. Мајката ја зела ќерката за рака, ја однела до ѕидот и ѝ рекла:
– Добро направи, ќерко, но погледни ги дупките што останаа на ѕидот. Ѕидот веќе никогаш нема да изгледа исто. Кога ќе кажеш некому нешто во лутина, го повредуваш. Како да ѝ забиваш нож на таа личност, а потоа го вадиш. Нема врска колку пати ќе се извиниш, раната сепак е таму. Да повредиш некого со зборови понекогаш е полошо отколку да го повредиш физички. Пријателите се наше ретко богатство и треба да ги чуваме. Тие те смеат кога си тажна, те охрабруваат кога треба да успееш во животот, ти позајмуваат рамо за плачење, уши за слушање и ти го отвораат срцето.
Автор: Тамара Живковиќ
Извор
912