Сите знаеме колку е неверојатно мајчиното млеко и дека е прва и единствена храна што ни е потребна за да преживееме.
Џансен Хауард објавила снимка од своето мајчино млеко под микроскоп и напишала: „Ова е неверојатно! Живо течно злато кое го нарекуваме мајчино млеко во движење. Ова е само една капка од моето млеко под микроскоп и е неверојатно и живо. Целосно е приспособено на потребите на моето бебе, неверојатно!“
– Сум слушнала дека мајчиното млеко го менува составот и се приспособува на моменталните потреби на детето, на пример, кога е болно, во млекото се создаваат антитела за да му помогнат да се бори со инфекцијата – вели Џенсен Хауард, мајка на 11-месечна ќерка. Објаснила и дека нејзината мајка се бори со рак, па нејзиното семејство редовно ги прегледува нејзините крвни клетки под микроскоп. „Читав текст за тоа како мајчиното млеко содржи милион бели крвни зрнца во само една капка, па прашав дали можам да погледнам дали постојат бели крвни зрнца во моето млеко. Бевме фасцинирани од убавината од снимката!“, раскажува оваа мајка чие видео стана вирално и веќе прегледано повеќе од 1,6 милиони пати.
Автор: Тајана Третњак
912