Заборавив како е да имаш две години.

Заборавив како е да лебдиш над земјата, со срцето во петици, додека таа се искачува погоре и погоре. – До врвот, мамичке!

Го заборавив стравот, трпките на прстите и потта на дланките. Моите раце се на сантиметар од нејзините нозе, подготвени да го фатат неизбежниот пат. Таа се врти. – Не, мамо. Јас ќе го направам!

Заборавив на пркосот. Вкрстувањето на рацете и начинот на кој звучи зборот „не“ кога го вика детенце – како тој слог може да пукне со сета неправда, решеност и разочарување.

Заборавив на нередот. Трошките и истурањето. Новата ролна од тоалетната хартија во чинијата. Шишето шампон испразнето со едно стискање во водата и мојот нов кармин, измачкан на лицето. Содржината на мојот паричник, насекаде по подот.

Хаосот што владее.

Ја заборавив вревата. Разговорите и пеењето. Уникатниот звук на кутијата со лего-коцки додека ја држи наопаку, така што парчињата ќе паднат на земјата, расфрлени насекаде. Заборавив на задоволството на малото лице од тоа што направи таков хаос, насочувајќи го погледот кон мене со насмевка и длабоко неискрено: – Извини, мамичке.

Го заборавив чувството на болка во срцето кога ќе се тргне од мојата прегратка. Нејзината бестрашност одговара на мојата сигурност дека нешто незамисливо ќе се случи ако го свртам погледот дури и за момент. Влечењето и притисокот на нејзината независност наспроти мојата внимателност, танц стар колку и времето.

Заборавив на тврдоглавоста и туркањето на границите и волјата и сето тоа качување.

Заборавив дека вакви се двегодишните деца.

Не за џабе ги нарекуваат „ужасните две“ – навистина се страшни. Управувани се од будноста и континуираното спречување повреди, пресметки и преговарање, трчање по нејзиниот тротинет затоа што има удолница и затоа што таа мисли дека може да оди надолу, исто како нејзината сестра.

Тоа се денови на оставени шолји кафе и разговори, како и потребата од попладневна дремка. Двегодишниците се исцрпувачки и предизвикувачки и застрашувачки и мислите дека ќе ги изгубите нервите.

Но, постои и нешто прекрасно во тие ужасни две. Затоа што, дури и додека ја гледам, таа се менува пред моите очи. Не знаев дека може да стигне до врвот, а и таа не знаеше дека не може, но сепак се обиде. Не знаев дека ги знае зборовите „неверојатно“, „фламенго“, „сендвич“ и „магија“, а сите ми ги кажа вчера.

Две години се тие слатки моменти помеѓу бебе и дете. Сè уште има шпилхозни за нејзина големина, и таа сè уште ги подигнува рацете за да ја кренам. Но,  нејзините нозе се издолжуваат. Нејзините бакнежи сè уште се невешти и слични на бебе, но таа расте.

Пред да порасне, ќе бидам над неа толку блиску колку што таа ќе ми дозволи. Ќе ја кренам тогаш кога ќе побара од мене. Ќе клекнам на подот и ќе ѝ се придружам во нередот што го прави – ќе се обидам да научам некои лекции за бестрашноста токму од неа. Вакви се двегодишниците. Растат со полна брзина.

Извор



912

X