Дејвид Вудланд од Сан Франциско смислил како да го натера својот син да чита книги – одлучил да му плаќа. За секоја прочитана книга му дава по еден долар.

– На најстариот син му плаќам еден долар секогаш кога ќе прочита книга. Зборуваме за книги што имаат по 160 страници. Оваа година му дадов веќе 120 долари и мисли дека ми зеде многу. Најдобрата инвестиција! – напиша Дејвид на „Твитер“.

Другиот трик е да му дозволи да остане подолго буден исклучиво ако чита книга. Но, многу родители не се согласуваат со неговиот метод и сметаат дека не е паметна идеја да се поткупуваат децата.

 

– Тоа ја убива радоста на учењето – вели еден родител.

– Биди внимателен, бидејќи во иднина може да бара пари за многу други работи – го предупреди друг родител.

 

 

View this post on Instagram

 

Christmas caroling. ??

A post shared by David Woodland (@davidsven) on

– Детето ќе биде фокусирано на пари, а не на страст кон читањето – тврди трет.

Исто така, некои велат дека детето всушност не ги чита книгите, но Дејвид објаснува дека откако ќе заврши со книгата, неговиот син гордо доаѓа и му ги раскажува деталите.

Извор



912

X