Дали сте подготвени за породувањето? Софија од Србија, која наскоро треба да се породи, сподели список со работи што треба да ги понесе во породилиштето.

Осмиот месец е при крај, а доаѓањето на бебето е пред вратите. Секоја идна мајка во текот на овој период почнува да се прашува како сите тие труднички месеци толку брзо поминале и како породувањето е тука, а се чинеше толку далеку. Да, веројатно секоја од вас го почувствувала тоа или се чувствува вака.

Баш тогаш, кога сите мисли ги насочуваме кон пораѓањето и доаѓањето на детето, кога по цел ден бараме и смислуваме што треба да обезбедиме пред породувањето и веројатно добиваме петпати нервен слом на ден во страв да не заборавиме нешто, најдобрата одлука прво е да седнете и да земете длабок здив.

Најдобро решение е да направите список. Кога на хартија ќе го напишете сето она што е неопходно за бебето, ќе бидете сигурни дека сè сте направиле како што треба.

Покрај толку совети, различни мислења и препораки, секоја идна мајка се чувствува помирно кога ќе го слушне искуството на другите жени што минуваат низ слични моменти во бременоста. Затоа, една идна мајка покажа како се подготвува за доаѓањето на нејзиното бебе. Таа во 37. недела одлучи да сподели листа со работи што се потребни за бебето и за во болница.

Покрај основните работи потребни за бебето, што се одделени на посебен, подолг список, оваа мајка конкретно го издвои сето она што ви е потребно кога ќе тргнете на болница.

1. Домашни влечки и влечки за туширање
2. Мрежести гаќи
3. Мрежести влошки
4. Памучни градници за доење
5. Пумпа за градите
6. Бањарка
7. Две ноќници што се отвораат на предниот дел
8. Два големи и мали пешкири
9. Влажни марамчиња
10. Палома
11. Додатоци за лична хигиена
12. Пластична чаша
13. Пелени за еднократна употреба
14. Павловиќева маст
15. Шведска пелена
16. Две бодиња и две пелени
17. Тетра-пелени
18. Стегач за коса
19. Туфери за гради
20. Корсет
21. Завој
22. Јод
23. Хидроген
24. Транспортер за автомобилот за излегување од болницата
25. Облека за бебето кога заминувате од болница
26. Кутија за матични клетки (доколку сте ги оставиле)

Извор



912

X