Порасната во Џаипур, Индија, фотографката Сујата Сетиа го фотографирала речиси секој член од семејството: мајка ѝ, татко ѝ, братот, дури и мачката која ѝ станала нејзино милениче, а ја нашла на улица. Но, сега таа не може да пронајде фотографии од своите баба и дедо.
– Мислам дека моите родители никогаш не правеа доволно фотографии од мене и од моите баба и дедо бидејќи секогаш се верува дека родителите се непобедливи, сè додека еден ден не те напуштат – вели Сетиа, која сега живее во Лондон и е семеен фотограф.
– Кога нив повеќе ќе ги нема, постои чувство на губиток и во однос на недостигот на фотографии. Сфаќаш дека спомените имаат тенденција да бидат некаква верзија на реалноста, со текот на времето -вели таа.
Сега, како мајка, Сетиа не сака истото да им се случи и на други семејства. Таа минатата година на нејзините патувања им нудела фотосесии на баби и дедовци заедно со своите внуци, како подарок за нив, и како знак на сеќавање на нејзините баба и дедо. Фотографиите се прекрасни.
– Едноставно се движев по улиците, трговските центри, се качував на летови, во воз… каде и да одев, постојано барав постари луѓе и им нудев фотосесија со нивните членови на семејството, како мој подарок. Некои од нив мислеа дека сум луда, но некои се согласија – раскажува Сетиа.
Вака изгледаат фотографиите на оние што се согласиле:
Понекогаш кога Сетиа барала фотосесија, бабите, дедовците и внуците не поминувале многу време заедно, па овековечувањето на моментите ги правело тие фотографии уште поспецијални.
– Неодамна фотографирав прабаба со бебе во Аргентина и бебето не поминувало доволно време со неа за да се чувствува пријатно. Но, кога бабата почна да му пее стара црковна песна на малото девојче, насмевката што ја виде на нејзиното лице вредеше милион долари. Не знам колку од песната разбра, но таа ја прегрна својата прабаба како да беа една душа. Беше магично… едноставно магично – вели Сетиа.
Сетиа не планира да го заврши наскоро нејзиниот проект, бидејќи тоа и предизвикува огромна радост. Истото се случува и со оние кои се од другата страна на фотоапаратот. „Пораките кои ги примам од луѓето кое се на фотографиите се топли – ми го греат срцето, но истовремено и ми го кршат. Се надевам дека овој проект ќе ги инспирира луѓето да ги фотографираат своите баби и дедовци со внуците, пред да биде предоцна – рекла Сетиа.
912