Во видеото што стана вирално на социјалните мрежи девојчето стои на каучот потпирајќи се на својот татко Абдула ал-Мохамед и тие играат игра што ја играле многу пати претходно.

Како што звукот од бомбите станува посилен, нејзиниот татко ја прашува: – Дали е авион? Или е граната?

– Граната! – одговара 3-годишното девојче, гордо затоа што го погодило одговор. – Сега ќе падне и ние ќе се смееме – вели таа и почнува да се смее, а нејзиниот татко ја охрабрува смеејќи се со неа.

– Смешно е, нели? – ѝ вели тој.

Видеото е снимено во Сармада, малечко гратче блиску до сириската граница со Турција, каде што ова семејството побарало засолниште од војната.

– Таа е дете и не сфаќа што е војната. Одлучив да ѝ ја кажам играта за да го зачувам нејзиниот дух, за да нема трауми од војната – вели татко ѝ.

Сепак, Ал-Мохамед нема добри прогнози за иднината.

– Таа е добро, засега; дете е што сака да си игра, да се смее и да се шегува. Но, се плашам дека како што ќе расте и бомбардирањето ќе продолжи, мојата игра повеќе нема да ја штити од длабоките психолошки трауми. Немам очекување за иднината. Непозната е за нас тука. Но, сакам светот да знае: ние сме луѓе, вредни души кои имаат право да живеат како и секое човечко суштество во светот – вели тој.


Извор



912

X