Фрустриран што машките тоалети немаат место за пресоблекување бебиња, таткото Донте Палмер, кој постојано, кога и да биле излезени, го преслекувал синот клекнат на колена, одлучил дека е време татковците да се борат за своите права.

Затоа, тој ја почнал кампањата #SquatForChange со цел да ја подигне свеста за тоа со што се соочуваат татковците кога се обидуваат да им ја сменат пелената на децата кога се во јавен тоалет. Случајот на Палмер не е единствен: има многу татковци со сличен проблем.

 

Но, се чини дека конечно е решен проблемот, барем во државата Њујорк.

Градежните кодови во Њујорк се ажурирани така што сега налагаат дека машките и женските тоалети мора да бидат опремени со маси за пресоблекување.

 

 

View this post on Instagram

 

This father said “I been improvising for too long” let’s bring change! #squatforchange #fatherslivesmatter

A post shared by Donte Palmer (@3boys_1goal) on

Сите нови згради изградени во градот мора да имаат „безбедни и усогласени“ маси за пресоблекување, а постојните згради мора да ги реновираат своите јавни простори за да ги опремат со маси за пресоблекување.

 

– Мора да има барем една маса за пресоблекување достапна за двата пола. Сопствениците на зградите или менаџерите мора да постават јасни знаци кои ја насочуваат јавноста кон локацијата до најблиска достапна маса за преслекување – информираат од канцеларијата на градоначалникот.

Веста е особено добра затоа што татковците денес имаат поголема улога во одгледувањето на децата.

Извор



912

X