Сте биле бремени или, пак, во моментов сте, и сигурно сте забележале дека луѓето сакаат да делат совети. Иако добронамерни, тие совети често се бескорисни и невистинити. Ова се четири такви приказни што едноставно треба да ги игнорирате.

1. Необични желби и копнежи

Иако е можно во бременоста да сакате нешто што не е вообичаено за вас, тоа се најчесто желби за некаков вид храна која би можела ги задоволи вашите сетила. На пример, желба за некаква крцкава храна или за овошје. Шансите да го присилувате вашиот партнер ноќе да ви купи нешто чудно што го нема никаде се многу мали. Освен ако вообичаено имате специфичен и необичен вкус.

2. Обликот на стомакот го открива полот на детето

Некои луѓе ќе мислат дека ќе имате момче бидејќи стомакот ќе ви биде многу ниско или ако носите девојче, високо. Но, вистината е дека обликот на вашиот стомак е одреден од мускулниот тонус, положбата во која се наоѓа бебето и тонусот на вашата матка. Според тоа, пред самиот крај на бременоста вашиот стомак ќе оди пониско како што бебето ќе се спушта надолу.

3. Опасни движења со телото

„Не би смееле да ги кревате рацете високо над главата, да ги допирате прстите на нозете или да правите какви било „луди“ движења кои би можеле да му наштетат на вашето дете и да предизвикаат заплеткување на папочната врвца околу вратот на бебето“. Не, се разбира дека не. Ништо што ќе направите не може да предизвика вакво нешто. Бебето е одговорно за заплеткувањето, во зависност од тоа колку се движи во вашиот стомак.

4. Мачки

Нема причина зошто не би требало да се галите со мачка во текот на бременоста (освен ако не сте алергични, се разбира). Меѓутоа, би било добро да избегнувате да ги чистите кутиите за нужда на мачките. Кажете му на својот партнер дека предизвикувач на токсоплазмоза може да биде токму песокот од кутијата за нужда на мачката и со тоа таа задача префрлете му ја нему (одлично, една грижа помалку за вас).



912

X