– Сине, еве ти бурек покрај креветот.
– Остави ме тато, спијам.
– Сине, ти оставив ручек на столот. Немој да ти се излади.
– Добро мамо, ми досадуваш. Не сум гладен.
– Душо, еве ти пари. Стигна пензијата. Те сака дедо.
– Е, стави ги таму…
– Другар, ајде да одиме надвор, убаво е времето..
– Ме мрзи…
Вечерта кога мајката се враќа од работа.
– Сине, ти уште не си ручал? Ќе си го расипеш стомакот.
– Е, не сум гладен, остави ме веќе, гледаш дека сум зафатен.
– Сине, ќе се упропастиш така.
– Слушај ти, немој така да разговараш со мене. Знаеш?

И така во круг.

Таткото грижливо му носи бурек на синот в кревет – да не се мачи детето и да си ги уморува нозете до продавница.
Мајка му сè му поставува, приготвува, му ја средува собата додека синот прави големи работи… игра видеоигри и си го живее својот интернет-живот.

Ништо не убива како „љубовта“ на родителите и тоталната попустливост.
Кога ќе се постават спрема детето како тоа однапред да знае сè, а дека тие не знаат ништо.
Во меѓувреме тоа дете ќе наполни 30 години, а и понатаму добива појадок в кревет за кој никогаш не вели фала, дури и полудува ако го разбудат.

Знам 10-ина вакви примери што од своите сопствени деца, во поголема или помала мера, прават инвалиди без инвалидитет.
Или ги корумпираат со пари како врв на љубовта или им ги „сечат“ рацете и нозете со својата попустливост.
Аргументот на родителите е дека тие ништо од тоа немале во младоста, дека многу се мачеле – па барем да не се мачат нивните деца.

Колку повеќе даваш, толку повеќе го навикнуваш на нешто до кое не дошол сам.
Му ги врзуваш рацете да не може со сопствена сила да се избори за тоа што му треба.
Се создаваат навики „лесно ќе средиме“ и кога тоа ќе се примени на животот надвор од дома, настануваат проблеми.
Наместо потешкиот пат, секогаш се одбира полесниот, а со тоа се убиваат љубопитството и можноста за создавање самостојна личност.
Таткото, наместо да биде човек со волја и карактер, подготвен да повлече и да пресече, станува предмет на потсмев и потрчко. Мајката исто така. За бабите и дедовците да не зборуваме – што знаат тие, глупави старци, будали, фосили…
И така со годините, сите се глупави, лоши, вакви, такви..
За ваквите деца сè е гнило, пропаднато, бесмислено, сè им пречи, не сфаќајќи дека, пред сè, е така во нивните глави.
И дека нивното однесување најмногу пречи и ја убива волјата за животот.

Автор: Стефан Симиќ.

 



912

X