Размислувате да имате трето дете? Предупредување: следната листа може да ве премисли, но прочитајте до крајот бидејќи последната точка може да ве поттикне да го направите тоа.
1. Не можете да ставите три седишта за автомобил во старо возило
Мерете, мерете и мерете повторно. Поставете им милион прашања на продавачите во продавницата за детски седишта за автомобил. Неколку сантиметри може да направат голема разлика. И кога сите седишта ќе бидат ставени внатре, никогаш не вадете ги и надевајте се на најдоброто.
2. Детската количка ќе ви изгледа како карван
Речиси сите мајки се борат со премногу предмети прикачени за количката, од која ѕиркаат мали главички. Ќе изгледате како ѕвер со четири глави, а така и ќе се чувствувате.
3. Сите ќе комуницираат со врескање
Доволно е тешко три возрасни лица да се согласат околу нешто, а уште покомплицирано е ако станува збор за три мали деца. Брзо учат и ако сакаат нешто да добијат, врескаат многу гласно. Ќе се обвинувате себеси за нивниот начин на комуникација, но не е до вас, до нив е.
4. Нема поента да купувате нешто ново или убаво во наредната деценија
Освен ако не ви пречи да имате дамки на новиот кауч, маркер кој не се брише и непознати течности пролиени во првите пет минути.
5. Можно е да не можете да скокате на трамбулина некое време
По раѓањето на третото дете, можно е да имате чувство дека вашата матка може да испадне на трамбулината. Потребно е да правите пелвични вежби и да ја одложите роденденската забава со трамбулина за периодот кога децата малку ќе пораснат.
6. Нивото на стрес ќе ви порасне до небо
Анкета во која биле испитани 7.000 мајки открила дека најстресно им е на мајките на три деца.
7. Никогаш нема да бидете осамени
Ни тогаш кога ќе сакате да вршите голема нужда. Или да го исчистите тоалетот. Или да ја здиплите облеката на полноќ, бидејќи не сте ги нашле претходно потребните минути за тоа. ТИЕ СЕ СЕКОГАШ ТУКА.
8. Ќе откриете што навистина значи да си изморен
Тука се работи за вистинска исцрпеност. Ќе превртувате со очите кога некој друг ќе ви каже дека е изморен, бидејќи ќе знаете дека нема шанси да е изморен колку вас. Можно е да го оставите далечинскиот управувач во фрижидер, да ставите доенечко млеко во кафето, да заборавите да си ги облечете панталоните – толкаво ниво на измореност.
9. Ќе немате пари
Само овошјето, млекото и лебот ќе ви ги потрошат поголемиот дел од парите. Ако сакате да патувате подалеку, нема да можете да си дозволите авионски карти за сите. Започнете со штедење сега и ќе можете да одите во Дизниленд во 2034 година.
10. Заборавете на хотелите
Обидите да најдете соба која ќе ви одговара на сите петмина е невозможна мисија. Исто така, како ќе можете да уживате во собната услуга, кога децата спијат на само 12 сантиметри оддалеченост? „Ербиенби“ е вашата единствена надеж.
11. Рестораните исто така не се добра опција
Освен ако не ви пречи децата да ставаат храна во носот или постојано да му се извинувате на персоналот или, пак, да брзо да јадете додека не се задавите, цената што ќе ја платите на крајот не е исплатлива.
12. Вашето срце ќе ви биде полно
Можеби сето ова звучи малку негативно, но фактот дека ќе имате три мали суштества што се угледуваат на вас, ве сакаат безусловно и ја хранат вашата душа со неколку топли прегратки дневно е бесценет.
Вистина е дека трите мали деца ќе ви предизвикуваат голем стрес, но и ќе ве научат на многу животни лекции, а и ќе се зајакнете како личност. Никогаш нема да се чувствувате сами – на добар начин. Вашето срце ќе биде преполно. И тоа прави сите оние непроспиени ноќи, пропуштени вечери во ресторани и уништен мебел да бидат вредни.
Автор: Сабрина Роџерс-Андерсон
912