Џули споделила момент од секојдневниот живот со момчињата одговарајќи на прашање од пријателка без деца: „Како е да се одгледуваат момчиња?“ Таа објавила видео на „Инстаграм“ од нејзиниот едногодишен син Рис, кој бил покриен со кал, додека постариот син Логан се појавува на крајот од видеото.

Џули раскажала како нејзините двајца „дивjаци“ се забавувале фрлајќи си кал еден врз друг во дворот.

-Тие уживаа, па не ги запрев. Ги гледав како се смеат и не размислував за чистењето што ме чекаше – рекла таа.

Додала дека момчињата сакаат да бидат надвор и да си играат, нешто што таа го смета за вредно, иако често се соочува со кал во куќата.

Според неа, животот со момчиња е како постојана авантура.

-Тоа е свет полн со енергија, валкана облека, играчки автомобили расфрлани насекаде и ненадејни судири во дневната соба – опишала таа.

Еден момент избегнува пластични куршуми, а следниот добива најтопла прегратка со едно „Те сакам“.

Извор



912

X