Животот на четиригодишниот Каи засекогаш се променил на денот кога неговото семејство удомило маче од локалното засолниште. Момчето, на кое му е дијагностициран аутизам, со години има тешкотии да покаже наклонетост, да се поврзе со другите и да ги изрази своите потреби. Но, сè се променило кога во неговиот живот дошло сивото маче Бу.

Ерин и Марк, родителите на момчето, решиле да го следат советот на професионален терапевт кој им препорачал да се обидат со домашно милениче. Искуството покажало дека децата со нарушување од спектарот на аутизам често развиваат емоционални вештини преку односи со животни.

-Терапевтот забележал дека Каи има тешкотии да покаже емпатија и не ги препознава потребите и желбите на другите – изјавила мајката Ерин.

Кога отишле во засолништето за животни во Питсбург, Бу го избрал Каи.

-Го спуштивме мачето на подот и тоа веднаш истрча кон Каи, му скокна во скутот и никогаш не замина – вели Ерин.

Необичното пријателство променило сè

Оттогаш, Каи и Бу се неразделни. Мачето пристигнало во семејството непосредно пред Ноќта на вештерките, омилениот празник на Каи. Говорот на момчето, кој претходно бил многу ограничен, почнал брзо да се развива. Денес тој работи редовно со логопед и терапевт, а неговите родители се горди што го гледаат неговиот напредок.

-Порано се фрустрираше кога не можеше да го искаже она што го сака. Се повлекуваше во себе. Сега кога научи како да комуницира, тој е многу посреќен – рекла Ерин.

Покрај зборувањето, Каи научил да биде нежен, да се гушка и да ги препознава емоциите, особено кај неговата мачка.

-Тие едноставно се разбираат. Се следат еден со друг, чувствуваат кога на другиот му треба нешто. Бу може да биде мрзлив кон другите, но Каи му дозволува да прави сè, да го носи, да го прегрнува, да го бакнува, дури и да го облекува. Тој сака да биде со него и ужива во неговото внимание – рекла мајката.

Приказната трогнала илјадници луѓе

Ерин решила да ја сподели нивната приказна на платформата „Редит“. Објавата ја лајкнале повеќе од 9.200 корисници, а коментари пристигнале од целиот свет.

-Ова навистина ме насмеа. Мачките се прекрасни, а јас сум толку среќен што оваа го избрала твојот син – напишал еден корисник.

Son, 4, has level 2 nonverbal autism. Had difficulty showing affection. . Until we adopted his kitten, Boo. They just get each other
byu/YasMysteries inMadeMeSmile

Извор



912

X