Велат дека редоследот на раѓање ја обликува личноста, а средните деца често завршуваат со репутација како „заборавените“ деца. Тие не се најстарите водачи на семејството, ниту се најмладите миленичиња – па каде навистина припаѓаат? Ако сте средно дете и мислевте дека цел живот сте во сенка, ова може да ве изненади…

Една нова студија открива дека средните деца се всушност најчесни, најскромни и најсоработливи. Истражувањето на канадските научници Мајкл Ештон и Кибеом Ли ги оспорува стереотипите и открива дека средните деца имаат голем број предности – и тоа не какви било.

Еве што вели науката:

Научниците го користеле тестот за личноста „HEXACO“ и откриле дека средните деца имаат највисоки резултати во чесност, понизност и согласност. Со други зборови, тие повеќе простуваат, подобро соработуваат и има помала веројатност да планираат како да извлечат корист од нешто.

Дополнително, се покажало дека не се заинтересирани за манипулации, не се стремат кон луксуз и не чувствуваат потреба за висок социјален статус. Идејата дека редоследот на раѓање влијае врз личноста била изнесена пред повеќе од 100 години од страна на психологот Алфред Адлер, но научните дебати продолжуваат и денес.

Додека некои стереотипи велат дека првородените се одговорни, најмалите деца се разгалени, а средните деца се запоставени – ова ново истражување нуди поинаква слика. Се разбира, не се сите убедени. Студија од 2020 година тврди дека не постои силна врска помеѓу личноста и редоследот на раѓање, така што предрасудите за средните деца можеби не се добро основани. Ако сè уште се чувствувате „изгубени“ како средно дете, запомнете дека Мартин Лутер Кинг Џуниор, Мадона, Ворен Бафет и Абрахам Линколн исто така биле средни деца. Се чини дека да се биде некаде на средина и не е толку лошо.

Автор: Карина Шиждрак

Извор



912

X