Секое дете се развива на свој начин, но сепак постојат одредени нивоа во тој развој што ни помагаат да го споредиме напредокот на нашето дете со нешто што се очекува на негова возраст.

Но, и покрај насоките што ги поставиле светските експерти, истражувањата покажуваат дека сè повеќе и повеќе деца заостануваат во тој поглед – повеќето од нив, и покрај годините, не знаат да го читаат саатот бидејќи родителите, па и наставниците, во домовите и во училниците им обезбедиле дигитални часовници за да не се мачат премногу.

Но, истражувањата покажуваат дека децата на возраст помеѓу 7 и 8 години треба веќе да знаат со леснотија да го читаат времето на традиционален часовник, а петгодишниците треба да почнат да ги разбираат аналогните системи на часовници.

Истражувањата направени на неколку илјади родители покажале дека тие очекуваат од 7-годишниците да возат велосипед без никаква помош, а на осум години треба да знаат да си ги врзуваат врвките и да ја селектираат својата облека од облеката на другите членови на семејството. На 9 години повеќето од родителите на своите деца би им дале џепарлак и тврдат дека не би им дозволиле да отворат профил на „Фејсбук“ пред 14 години.

Првиот мобилен и самостојното одење во училиште децата ги заслужуваат на 12 години, а голем број родители се согласуваат дека мобилните телефони се даваат прерано.

На десет години, според анкетата, е време кога другарчињата можат да дојдат на спиење, а оваа возраст е добра и за детето да може само да ја наполни и испразни машината за садови. Родителите на 10-годишниците очекуваат нивните деца да можат да водат грижа за своите работи, да не ги забораваат и да не ги губат на училиште, на тренинг или во паркот.

Четири од десет родители велат дека чувствуваат притисок од страна на другите родители кои прерано им дозволуваат на своите деца одредени привилегии. Инаку истражувањето покажува дека родителите на помалите деца најмногу се нервираат со тоа што ги губат работите, иако тоа е нормално за повеќето деца. Затоа лепенките со имиња се толку популарни.

Што се очекува од:

7-годишниците

– да возат самостојно велосипед;
– да знаат колку е часот;

8-годишниците:

– сами да си ги врзат врвките;
– да ја ставаат својата облека во машината за перење;

9-годишниците:

– да ја наместат масата;
– да располагаат со пари;
– да се бањаат или тушираат без помош;

10-годишниците:

– да ја наместат масата;
– да не ги губат работите и да внимаваат на нив;
– да ја разбираат вредноста на работите;
– сами да изберат облека и да се облечат;
– да им доаѓаат другарчиња на спиење и тие да одат кај другарчиња;
– да си ја здиплат облеката откако ќе ја соблечат;
– сами да се подготват кога ќе одат некаде;

11-годишниците:

– да добијат таблет и одговорно да го користат;
– да добијат телевизор во својата соба и одговорно да го користат;

12-годишници:

– сами да одат на училиште;
– самостојно да сурфаат на интернет;
– да поседуваат свој мобилен и одговорно да го користат;
– сами да возат велосипед до училиште;
– сами да играат во парковите и на игралиштата;
– да поседуваат лаптоп и одговорно да го користат.

Извор



912

X